Поврзете се со нас

Шпанија

„Спорт“: Барселона го одредила Влаховиќ за идеален наследник на Левандовски

Објавено

на

foto: x.com/juventusfc

Раководството на Барселона размислува за потенцијален наследник на Роберт Левандовски, а на списокот сега е додаден и Душан Влаховиќ, тврди каталонски „Спорт“.

Српскиот напаѓач никако да го покаже својот целосен потенцијал во редовите на Јувентус и „бјанконерите“ веројатно би размислиле за негова продажба ако добијат соодветна понуда, а Барселона во летниот преоден рок може да реализира ваков процес.

Влаховиќ има само 24 години и јасно е дека поседува квалитети на врвен напаѓач, а Деко и неговите соработници се убедени дека одговара на карактеристиките кои ги бара Барса, посебно како замена за Левандовски.

Претстојново лето ќе биде клучно за иднината на Србинот во редовите на Јувентус, бидејќи ако не биде постигнат договор за продолжување на соработката, италијанскиот тим ќе сака да го продаде за да не замине како слободен агент во 2026 година.

Влаховиќ досега постигна 53 голови на 125 натпревари во дресот на Јувентус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни