Поврзете се со нас

НБА

Спорен НБА момент: Леброн побара тајм-аут кога виде дека соиграчот ја губи топката, ѕвездите на Феникс збеснаа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс успеа да го победи Феникс и да обезбеди полуфинале во НБА Купот, турнир кој својата завршница ќе ја има во Лас Вегас во премиерата на ова ново кошаркарско натпреварување во Америка.

„Езерџиите“ ја добија драмата благодарение на Леброн Џејмс кој постигна 15 поени во последната четвртина, но пред да дојде до конечните 106:103, „кралот“ режираше и еден тактички потег кој ги разбесни играчите на Феникс.

Во ситуација кога Ривс почна да ја губи топката, Леброн побара тајм-аут и судиите му го прифатија истиот, а тоа значеше дека Феникс остана без нападот во кој сигурно ќе израмнеше на 105:105.

Наместо тоа, арбитрите проценија дека Леброн побарал тајм-аут на време и ја усвоија неговата желба, па затоа последното четвртфинале во НБА Купот доби и контроверзна завршница.

Голем дел од експертите велат дека Феникс бил сериозно оштетен, а тоа го заклучија и коментаторите кои го следеа мечот во живо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни