Поврзете се со нас

Репрезентација

Спорен момент, Франција со непостоечки гол води против Македонија (Видео)

Објавено

на

Младата репрезентација на Франција до 21 година има предност од 1:0 против Македонија по првото полувреме од квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.

Македонскиот голман, Давид Денковски беше совладан од фудбалерот на Ремс, Натанел Мбуку кој во 26. минута го отвори резултатот.

Сепак, по прегледувањето на снимките може да се заклучи дека топката не ја мина гол линијата со цел обем, па Франција до предност стигна со непостоечки погодок.

Што се однесува до играта, Французите го диктираат темпото, но избраниците на Драган Канатларовски играат прилично солидно и не дозволуваат да бидат тотално надиграни од моќната селекција која во своите редови има фудбалери на Реал Мадрид, Лидс, Лион, Монако, Марсеј…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни