Поврзете се со нас

АБА лига

Сплит го шокираше Будуќност со тројка од десет метри (Видео)

Објавено

на

Кошаркарите на Сплит направија големо изненадување во АБА лигата, победувајќи го на домашен терен фаворитот Будуќност (78:77).

Составот од Подгорица има големи амбиции во ова натпреварување сезонава, но денеска се лизна на хрватска територија, а играчите на Сплит ги израдуваа своите фанови со голема победа.

Првото полувреме заврши со нерешени 40:40, што беше најава дека Сплит нема лесно да се откаже од позитивен резултат, а успеа да го реши победникот со луда тројка од десет метри.

Херој на хрватскиот претставник беше Сани Чампара, кој буквално во последната секунда реализираше за три поени од голема далечина и од навистина тешка позиција.

Укиќ со 20 и Мешичек со 18 поени биле најефикасни кај победникот, додека кај Будуќност, Кобс реализирал 19 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни