НБА
„Сплеш браќата“ во акција: Кари и Томпсон почнаа да испраќаат заеднички „проектили“ во НБА лигата (Видео)

НБА програмата беше доста скромна ова утро и се одиграа само два натпревари, на кои видовме и два очекувани резултати со оглед на околностите и силите на теренот.
Голден Стејт ја продолжи својата добра серија на резултати благодарение на „Сплеш браќата“, односно извонредните Стеф Кари и Клеј Томпсон кои заедно уфрлија 52 поени.
По долгата пауза и враќањето на теренот, Клеј Томпсон се повеќе наликува на играчот од минатото и стигна до најдобар учинок од 23 поени оваа сезона, но посебно беа импресивни со својот долгогодишен сојузник со нивното најдобро оружје.
Во одлучувачките моменти „Сплеш браќата“ погодија извонредни тројки и ги фрлија во транс фановите и своите соиграчи, па така на крајот победата од 124:115 беше неизбежна.
На вториот меч, Филаделфија ја оправда фаворитската улога против Лос Анџелес Лејкерс кој беше значително ослабен без Леброн Џејмс, за што говори и резултатот од 105:87.
Ембид и Херис постигнаа по 26 и 23 поени како лидери на Филаделфија, додека најефикасен на мечот беше Ентони Дејвис од редовите на Лејкерс со 31 поен.
💦 The Splash Bros. combine for 52 PTS 💦
Klay Thompson & Steph Curry combine for 11 3PM@KlayThompson: 23 PTS, 5 REB, 5 3PM@StephenCurry30: 29 PTS, 8 REB, 6 AST, 3 STL, 6 3PM pic.twitter.com/KgZginPfiN
— NBA (@NBA) January 28, 2022
-
Шпанијапред 23 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 21 час
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 19 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Италијапред 22 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 15 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 22 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 11 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја