Поврзете се со нас

Репрезентација

Спировски: Ова е натпревар на нашите кариери

Објавено

на

Се поблиску сме до четврток, денот кога македонската сениорска репрезентација ќе има шанса да направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство.

Нашиот национален тим ќе го пречека Косово на националната арена „Тодор Проески“ во рамките на полуфиналето на плејофот од Лигата на нации, односно со славје на овој меч ќе дојдеме на само еден меч до место на собирот на најдобрите европски селекции кој е закажан за наредната година.

-Можеби еден од најважните натпревари во мојата кариера. Национален дрес, Европско првенство. Ако дојдеме до посакуваниот резултат, тогаш мислам дека има големи шанси да играме на ЕП. Сметам дека сме поквалитетен тим, играме на домашен терен и ќе дадеме се од себе за победа. Го чекаме 8. октомври, да покажеме на терен дека сме поквалитетни и да ги израдуваме навивачитес, -истакна Стефан Спировски кој воедно посочи што значи присуството на Горан Пандев за кого постоеше неизвеснот дали ќе биде во комбинација со оглед на тоа што многу негови играчи од Џенова имаа позитивни тестови на КОВИД-19.

-Знаеме што е Пандев за македонската репрезнетација. Тој е лидер, капитен, најдобар играч, само суперлативи за него. Многу ќе значи за овој натпревар и треба да го искористиме, -рече членот на АЕК Ларнака.

Изјава – Стефан Спировски

Stefan Spirovski:„Можеби еден од најважните натпревари во мојата кариера. Сметам дека сме поквалитетен тим, играме на домашен терен и ќе излеземе да се бориме за победа. Го чекаме 8. октомври и да покажеме на терен дека сме поквалитетни…“#НапредМакедонија | #СегаЕНашеВреме | #МКД | #EURO2020

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Dienstag, 6. Oktober 2020

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни