Спировски ја затресе мрежата на Макаби Тел Авив во квалификациите за ЛЕ (Видео)

spirovski

Македонскиот репрезентативец, Стефан Спировски постигна гол за својот Ференцварош на битката против Макаби Тел Авив во квалификациите за пласман во групната фаза на Лига Европа.

Нашиот играч од средината на теренот го отвори резултатот во 61 минута и тоа водство траеше се до судиското продолжение кога Атар ја затресе мрежата на домаќините и донесе резултат од 1-1 за изралците пред реваншот кој е на програмата наредната седмица.

Спировски ги одигра сите 90 минути од оваа средба.

Facebook Коментари