Поврзете се со нас

Македонија

Спиркоски погоди во 92. минута и ги разочара „вардарци“ во големото дерби

Објавено

на

Силекс делува несопирливо во Втората лига – Запад и ја забележа десеттата победа во 11-то коло, откако во драматичен натпревар на кој имаште и тензија, успеа да триумфира во вечното дерби против Вардар.

„Комитите“ режираа фантастична атмосфера во тренинг центарот „Петар Милошевски“, но и тоа не им помогна на нивните миленици кои доле на теренот им режираа шок во судиското надополнување.

Вардар беше на добар пат да стане вториот тим кој го сопрел Силекс во Втората лига, но кратовчани постигнаа гол во 92-та минута преку Спиркоски и остварија голема победа од 1:2.

Претходно, кратовчани поведоа со голот на Љамалари, додека израмнувањето кое беше активно до 92-та минута беше дело на Филип Петров во 27-та минута.

Со биланс од десет победи и само едно реми, Силекс има 31 бод на првенствената табела, девет повеќе од Воска која денеска ремизираше, односно 11 од Вардар кој е на третата позиција.

Резултати:

Втора МФЛ Исток – 20.11.2021
БЕЛАСИЦА – БРАТСТВО 07 1 – 0
ДЕТОНИТ ЈУНИОР – КИТ ГО-ПЕХЧЕВО 1 – 0
ПОБЕДА – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 3 – 1
ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018 – КАМЕНИЦА САСА 0 – 0
ОСОГОВО – СЛОГА 1934 3 – 0

Втора МФЛ Запад – 20.11.2021
ВАРДАР – СИЛЕКС 1 – 2
КОРАБИ – ВОСКА СПОРТ 1 – 1
КФГ ГОСТИВАР – ВЕЛЕШТА 1 – 1
ТЕТЕКС 1953 – БЕСА 1976 2 – 1
ОХРИД ЛИХНИДОС – КАДИНО 3 – 1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни