Спектакуларно враќање на големата сцена: МекГрегор го спакува противникот за 40 секунди (Видео)

konor

Контроверзниот Конор МекГрегор имаше спектакуларно враќање на големата сцена во Ултимејт-фајт серијата (УФЦ) и тоа против Доналд Серон кого го среди за 40 секунди на мечот во Лас Вегас.

Ова за лудиот Ирец беше прва борба по 15 месеци и поразот од Хабиб Нурмагомедов (окмтомври 2018 година), па така силно, мотивирано влезе во истата и не му даде никава шанса на противникот. Конор едноставно го „изеде“ Серон и беше пресреќен поради што на ваков доминантен начин се врати во УФЦ за разлика од навивачите кои беа разочарани што пресметката заврши во првата рунда.

За оваа победа, дуел со со каубојот Серон, 31-годишниот МекГрегор ќе заработи најмалку 3 милиони долари. Воедно со триумфот ѕверот од Даблин стана прв борец кој победил со нокаут во три различни тежински категории.

Facebook Коментари