Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Спектакуларните одбрани на Митревски му донесоа победа на Порто, но и примат за најдобар голман во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Иако бранеше само во завршницата од мечот, клучните интервенции кои ги имаше Никола Митревски во возбудливата пресметка против Флензбург за победа на Порто, направија македонскиот чувар на мрежата да биде избран за најдобар голман во второто коло.

Митревски влезе во игра при резутлатска негатива на Порто од три разлика, но со неговите шест одбрани во последните минути од вкупно 13 удари, беше исклучително важен за пресвртот и големата победа на Португалците од 28:27.

Флензбург имаше напад за водство при 27:27 и Митревски ја крена на нозе публиката во Португалија со својата одбрана, по која следеше гол на домаќините за победа и голема ерупција на трибините.

Поради извонредниот настап во втората половина од вториот дел, Митревски доби признание за најдобар голман од ЕХФ и се најде во идеалниот тим во второто коло.

Покрај него, меѓу седумте најдобри се најдоа Хампус Ване како лево крило, Ерик Јохансон како лев бек, Петар Ненадиќ како плејмејкер, Алекс Душебаев е најдобар десен бек, Марио Шоштариќ е најдобро десно крило, а изборот завршува со Седрик Сорендо како најдобар пивот.

Големо изненадување е што Кевин Њокас не се најде во идеалниот тим на ЕХФ, бидејќи искусниот Французин го предводеше Вардар до победа со осум гола од исто толку удари против Мешков Брест.

Видеото на ЕХФ погледнете го на следниот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни