Поврзете се со нас

Лига Европа

Спектакуларниот слободен удар на Бејл од 30 метри ја најави победата на Тотенхем (Видео)

Објавено

на

Тотенхем го победи Антверп со 2:0 во одлучувачкиот меч за тоа кој тим ќе го освои првото место на табелата, натпревар на кој одново огормна минутажа доби големата ѕвезда која пристигна од редовите на Реал Мадрид.

Жозе Мурињо и натаму го дозира Герет Бејл и денеска му овозможи 60 минути игра против Антверп, но токму Велшанецот ја одработи најголемата задача при постигнувањето на првиот гол кој беше клучен за кршење на мразот.

Бејл изведе спектакуларен слободен удар од 30-тина метри и потсети на неговиот најдобри прекини од Премиер лигата, па голманот со својата интервенција и помош на рамката спречи гол, но не за долго.

Бразилецот Карлос Винисиус се најде на вистинско место во вистинско време, па фантастичниот слободен на неговиот соиграч го претвори во гол за 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни