Поврзете се со нас

Шпанија

Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ

Објавено

на

Едуардо Камавинга како огромен фудбалски талент пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок, а уште во првата сезона покажа дека е подготвен да учи од постарите колеги и да биде тука за нив кога е потребно тоа на теренот.

Младиот Французин најчесто добива шанса како резерва, но се почесто се истакна како „џокер“ на Анчелоти, особено во Лигата на шампионите кога се брка резултат.

Камавинга го крена тимот на полуфиналето против Манчестер Сити и беше еден од креаторите на епскиот пресврт, но верува дека добрите изданија се резултат на довербата која ја ужива од тренерот и соиграчите.

– Сите направија да се чувствувам комотно во Реал уште првата сезона. Јас сум отворен и пријателски настроен, а во такви ситуации полесно се гради однос со другите. Честа е моја, тоа што можам да учам од вакви фудбалери.

– Модриќ? Тој има инстинкт, визија која не ја има секој фудбалер. Не за џабе ја доби „Златната топка“. Ви дели пасови со надворешниот дел од стапалото, сите видовме што направи против Челси. Ако се обидам да го направам тоа што го направи тој, ќе си го скршам зглобот. Тој се брани идентично добро како што е добар во нападот и неговите движења се инспирација за мене, – вели Камавинга за „Франс Фудбал“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни