Поврзете се со нас

Репрезентација

Спектакуларната одбрана на Митревски во дуелот со Гидсел доби признание од ЕХФ (Видео)

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација во четвртокот имаше една од своите најдобри партии во историјата, а токму такво нешто требаше за да се урне двократниот светски и олимписки шампион во Скопје.

Силната Данска падна на колена во македонската престолнина и го положи оружјето пред четата на Кирил Лазаров кој сега покрај капитен е и селектор на селекцијата, натпревар на кој покрај тоа што бевме перфектни во напад, одигравме и извонредна одбрана, нешто што беше табу тема за нас на Светското првенство во Египет.

Во оваа фаза од играта посебно се истакна Никола Митревски, македонскиот број еден кој запиша 13 успешни интервенции, од кои една се најде и во потесниот избор на ЕХФ.

Митревски ја има третата најдобра одбрана, а станува збор за ситуацијата кога од непосредна близина го спречи ударот на Гидсел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни