Поврзете се со нас

Атлетика

Спектакуларна трка во финалето на 200 метри: Де Грас стави крај на проклетството и со пресврт дојде до олимписко злато (Видео)

Објавено

на

Андре Де Грас стигна до својот петти олимписки медал на најголемите настани, но ова попладне стави крај на проклетството со бронзените и сребрените и за првпат освои златен медал.

Во една крајно возбудлива и израмнета трка на Олимписките игри во Токио, Канаѓанецот Де Грасе со национален рекорд стигна до прво злато во својата кариера, откако беше подобар од американската конкуренција за најсјајното одличје.

Спектакуларната трка во 200 метри ја започна со заостанување, но во последните 100 метри го покажа своето најдобро лице и Де Грас ги престигна Кенет Беднарек и Ноа Лајлс од Америка кои се задоволија со сребрениот и бронзениот медал.

Де Грас ја истрча втората најкратка делница за време 19:62, што иако е далеку од рекордот на неповторливиот Јусеин Болт, сепак е доволно за прво олимписко злато во неговата респектабилна кариера.

За Андре ова е втор медал во Токио, бидејќи во спринт трката на 100 метри го освои бронзениот медал како третопласиран, но со денешниот успех, и го донесе првото злато на Канада во оваа дисциплина по далечната 1928-ма година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни