Шпанија
Спектакуларна техника: „Ракетата“ на Ракитиќ ја спаси Севилја на дербито против најомразениот ривал (Видео)

Големата пресметка во Андалузија е онаа меѓу омразените ривали Севилја и Бетис, два тима кои вечерва повторно понудија натпревар со многу тензија, но и со два гола во вториот дел.
Бетис беше за нијанса поконкретен ривал и успеа да поведе со голот на Ајозе во 72-та минута, откако претходно во првиот дел им беше поништен гол, а гостите имаа и една стопроцентна шанса која не ја искористија.
Погодокот на Ајозе дојде во вистинско време за тимот на Пелегрини, но тоа сепак не беше доволно за да се урне и откаже лутиот градски ривал, кој до крајот на мечот успеа да се врати.
Севилја израмни на 1:1 и петти меч во низа одигра нерешено во Ла Лига, а најзаслужен за тоа беше Иван Ракитиќ кој демонстрираше страшна техника.
Хрватот испрати „ракета“ од колено и биеше неодбранливо во голот на гостите, па со мајсторијата спречи пораз за Севилја во дербито.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 23 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума