Спектакуларна победа на Мартин Шонка во Порто

Red Bull Air Race_Porto_Andreas Schaad Red Bull Content Pool

Чехот Мартин Шонка ја извојува втората победа во својата кариера на трката на Red Bull Air Race во Порто, Португалија во неделата и повторно се вивна на врвот од генералниот пласман од Светското првенство на само две трки до крајот од сезоната. Додека траеше завршниот дуел на најдобрите четворица пилоти, сите 600.000 илјади срца во публиката заиграа на брегот од реката Дуро, при што Канаѓанецот Пит Меклиод го освои второто место (трета трка по ред), додека Мат Хол од Австралија беше третопласиран.

Шонка беше единствениот пилот во завршницата кој никогаш претходно не се натпреварувал во Порто, а леташе прв и ја „фрли ракавицата“ со резултат од 1:07.229. Во борба да го задржи своето водство во генералниот пласман на Светското првенство, Американецот Кирби Чемблис потоа постигна време од 01:07.141, но доби казна од две секунди со која беше спасена победата на Шонка и отворена вратата за останатите. Меклиод финишираше на возбудлива разлика од само 0.113 секунди зад Шонка, додека третото место на Хол беше негов прв подиум во оваа сезона откако годинава го смени авионот.

Red Bull Air Race_Porto_Paulo Calisto Red Bull Content Pool

Резултатите беа клучни за Шонка, кој ја освои својата прва победа на трка и се искачи на врвот од табелата при отворањето на сезоната во Абу Даби, но постепено се лизгаше надолу. Беше во битка со Чемблис, МекЛеод и Јапонецот Јошихиде Муроја цела сезона. Сега, кога до крај остануваат само двете трки во Германија и САД, чешкиот ас е четири поени пред постојаниот МекЛеод, кој скокна на второто место на табелата. Чемблис е се уште на третото место со 47 поени, а исто и Муроја со 44 поени. Иако шестото место на јапонскиот пилот беше впечатливо извојувано откако големите корекции на неговиот авион го ограничија неговиот резултат во Порто, резултатот беше тежок удар за него, по што падна на четвртото место на табелата. Со само 10 поени јаз меѓу овие четворица натпреварувачи, како и 15 поени достапни за секоја победа во следните две трки, напнатоста брзо се зголемува.

– По последните три трки каде што добивме различни казни, едноставно беше време сега пак да се лета и пак да се натпреварува, и конечно победивме, па навистина сум среќен,- рече восхитениот Шонка, чиј најдобар генерален пласман во претходните четири сезони беше четвртото место. – Секако, би сакале да ја освоиме титулата, но и другите се брзи, и со две трки до крајот се уште има многу поени намаса. Уште ништо не е решено, ќе мораме да почекаме до крајот на сезоната.

Шпанскиот пилот Хуан Веларде не учествуваше на денот на трката во Порто, зашто откако беа направени модификации на неговиот авион, временските услови го спречија тимот на Веларде да ги заврши потребните тестирања на измените.

За две недели, супер брзиот караван на Red Bull Air Race се враќа во Германија, на патеката Лаузицринг крај Берлин, на 16-17 септември. Тоа е домашна трка на актуелниот шампион Матијас Долдерер, кој ќе сака да се врати во игра откако заврши како осми во Порто.

Резултати (Мастер класа): 1. Мартин Шонка (Чешка), 2. Пит МекЛеод (Канада), 3. Мат Хол (Аустралија), 4. Кирби Чемблис (САД), 5. Микаел Бражо (Франција), 6.Јошихиде Муроја (Јапонија), 7. Петр Копфстајн (Чешка), 8. Матијас Долдерер (Германија), 9. Петр Подлуншек (Словенија), 10. Мајкл Гулијан (САД), 11. Николас Иваноф (Франција), 12. Кристијан Болтон (Чиле), 13. Франсоа Ле Вот (Франција), 14. Хуан Веларде (Шпанија).

Табела (по 6 од 8 трки): 1. Мартин Шонка (Чешка) 54 поени, 2. Пит МекЛеод (Канада) 50 поени, 3. Кирби Чемблис (САД) 47 поени, 4. Јошихиде Муроја (Јапонија) 44 поени, 5. Петр Копфстајн (Чешка) 34 поени, 6. Матијас Долдерер (Германија) 27 поени, 7. Мат Хол (Австралија) 25 поени, 8. Мајкл Гулијан (САД) 24 поени, 9. Хуан Веларде (Шпанија) 27 поени, 10. Михаел Бражо (Франција) 15 поени, 11. Петер Подлуншек (Словенија) 14 поени, 12. Николас Иваноф (Франција) 14 поени, 13. Франсоа Ле Вот (Франција) 8 поени, 14. Кристијан Болтон (Чиле) 7 поени.

Facebook Коментари