Поврзете се со нас

Светски првенства

Спектакуларна комбинација: Бејл со банана центаршут „ала Бекам“ ја погоди ѕвездата на Јунајтед, Велс победи (Видео)

Објавено

на

Дејвид Бекам беше препознатлив со своите спектакуларни „банана“ центаршути со кои на неверојатен начин ги проигруваше своите соиграчи во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и англиската фудбалска репрезентација, а вчера во фудбалска Европа после подолго време видовме еден сличен центаршут во негов стил.

Герет Бејл со мајсторија „ала Бекам“ успеа да го проигра својот соиграч од Велс за голема победа во квалификациите за Светското првенство, што всушност значеа први три бода за Велшаните во својата група.

Откако и Велс и Чешка останаа со играч помалку поради исклучувањата на Шик и Робертс, во последните 13 минути од натпреварот се влезе со 20 играчи на теренот, па во недостиг на многу решенија во нападот, како пресуден се покажа спектакуларниот центаршут на Бејл и фантастичната реакција со глава на ѕвездата на Јунајтед.

Бејл со „банана“ бравурата испрати точен центаршут од левата страна, а на висина на задачата беше еден од најниските играчи на теренот, одличниот Даниел Џејмс кој погоди за 1:0 во 82-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни