Боречки спортови
Спектакуларна борба: Волкановски го предизвика големиот шампион, фановите разочарани од одлуката на судиите (Видео)

Борбата меѓу Александар волкановски и Ислам Махачев беше долго најавувана од страна на УФЦ, а истата се одржа ова утро во Перт и не ги разочара големите фанови на боречките вештини.
Австралиецот со македонско потекло како исклучително доминантен во перо категорија реши да направи скок погоре и доби на килажа за да се натпреварува во лесна категорија, па мора да се признае дека воодушеви во борбата со актуелниот шампион Махачев.
Русинот кој е роден во Дагестан е од школата на борци која донесе големи шампиони како Хабиб Нурмагомедов, а многу слична е и неговата техника на борење како онаа на пензионираниот „орел“.
Махачев влезе како голем фаворит во борбата, но Волкановски покажа дека е извонреден борец и фантастично парираше против ривалот, па дури му зададе и повеќе удари во глава.
Австралиецот имаше огромна поддршка во Перт и успеа да остане на нозе пет рунди, но за жал после 25 минути, судиите со едногласна одлука му ја доделија победата на Махачев (48-47, 48-47, 49-46).
Ова предизвика големо незадоволство кај навивачите во Перт, а разочарани на социјалните мрежи се и неутралните фанови кои сметаат дека Волкановски заслужил победа.
-
Балканпред 15 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 23 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 13 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон