Светски првенства
Спектакуларен старт: Македонија ги отвора квалификациите против Шпанија

Македонија ова попладне ги дозна трите противници во првата фаза од квалификациите за Светското првенство во кошарка, но неполни два часа по извлекувањето во Швајцарија, познат е и „возниот ред“ кој ќе го има нашата најсилна селекција.
Стартот не може да биде повозбудлив и поспектакуларен за македонските кошаркари, бидејќи во првото коло кое е на програмата во месец ноември ќе играме против актуелниот светски шампион.
Македонија ќе и биде домаќин на Шпанија на 26-ти ноември во првото коло од групата Г, а три дена подоцна, првиот ФИБА прозорец го затвораме со дуел против Украина на гостински терен.
Во месец февруари следат два натпревари против селекцијата на Грузија, на гостински и домашен терен, во петтото коло и гостуваме на Шпанија, додека првата рунда од квалификациите ја затвораме на домашен терен против Украина во јули 2022-ра година.
Распоред на натпревари за Мундобаскетот:
1. КОЛО – 26.11.2021
Грузија – Украина
Македонија – Шпанија
2. КОЛО – 29.11.2021
Шпанија – Грузија
Украина – Македонија
3. КОЛО – 24.02.2022
Шпанија – Украина
Грузија – Македонија
4. КОЛО – 27.02.2022
Украина – Шпанија
Македонија – Грузија
5. КОЛО – 01.07.2022
Шпанија – Македонија
Украина – Грузија
6. КОЛО – 04.07.2022
Грузија – Шпанија
Македонија – Украина
-
Шпанијапред 23 часа
Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
-
Шпанијапред 15 часа
Бензема погоди и во Хелсинки и го надмина Раул на вечната листа (Видео)
-
Италијапред 18 часа
Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку
-
Шпанијапред 20 часа
Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона следната недела
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти по новиот трофеј за Реал: Зарем некој уште има дилема кој ќе ја освои „Златната топка“
-
Англијапред 16 часа
Овен убеден дека Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед
-
Шпанијапред 6 часа
Де Јонг доби сериозна навреда пред тренинг центарот на Барселона (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Лукаку признава дека стартувал одмазднички во Челси: Чувствувам голем бес во себе!