Некатегоризирано
Спектакуларен натпревар на „Олимпико“ со осум гола: Лацио и Удинезе ги поделија бодовите (Видео)

Лацио и Удинезе вечерва на „Олимпико“ го понудија сигурно најубавиот натпревар во Серија А оваа сезона.
Во еден борбен и жесток натпревар во кој видовме и три картони, клубовите ги поделија бодовите играјќи со конечен резултат 4:4.
Бето уште во 17. минута го отвори резултатот и донесе водство за Удинезе, а истиот играч зголеми на 2:0 во 32. минута од натпреварот.
Најдобриот играч на Лацио, Чиро Имобиле го врати домашниот тим со гол само две минути подоцна, но пред самиот крај на полувремето Молина постигна гол за водство на Удинезе од 3:1.
И кога многумина мислеа дека клубот од Удине лесно ќе го задржи водството, Лацио брзо се врати и преку Педро и Милинковиќ –Савиќ уште на стартот на второто полувреме успеа да израмни.
ВО 79. минута домашниот тим стигна и до водство откако Ачерби по четврти пат ја затресе мрежата на Удинезе.
Тогаш сите мислеа дека противникот е „дотолчен“, меѓутоа Удинезе успеа да се издигне и во 99. минута преку Арслан да погоди за конечни 4:4.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)