Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Спектакуларен меч во квалификациите за ЛШ: Струга одигра храбро во Словачка, но не најде решение за искусниот Куцка

Објавено

на

Струга се прикажа во извонредно светло на гостувањето во Братислава кај Слован, па иако му направи огромни проблеми на фаворитот, македонскиот првак на крајот се враќа дома со пораз од два гола негатива.

Букмејкерите му дадоа огромна предност на Слован пред овој двомеч и сите гледаат на него како апсолутен фаворит, но играчите на Струга ги „смрзнаа“ сите на трибините во Братислава, особено по двата гол на Бесарт Ибраими.

Слован покажа искуство во првиот дел и поведе со 2:0 со головите на Вајс и Мак, но Струга не се откажа и со храбро издание внесе голем немир во домашниот табор.

Ибраими најпрво од пенал намали на 2:1, а потоа играчите на Струга режираа извонредна контра, по која Бесарт на празна мрежа погоди за 2:2.

Ова беше огромен предизвик за фаворитот на овој прв квалификациски меч во Лигата на шампионите, но тоа го инспирираше Јурај Куцка кој со своето искуство постигна два гола во завршницата и се погрижи за победа на Слован од 4:2 пред реваншот во Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни