Поврзете се со нас

Балкан

Спектакуларен гол на Ашковски против лидерот во Романија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски постигна фантастичен погодок во првата лига на Романија и тоа во пресметката против ФЦСБ или поточно поранешна Стеауа.

Ашковски покажа колку може да биде опасен и брз на отворен простор, па така во 38 минута украде една топка по што успеа да го претрча скоро целиот терен, ги надмина сите пречки од противниците и ја погоди мрежата на домаќините за водство од 1-0.

Сепак ова не се покажа како доволно за поволен резултат, односно ФЦСБ во вториот дел даде два гола за комплетен пресврт и славје од 2-1.

Инаку ова за Ашковски беше втор погодок во низа, во минатата рунда стрелаше против Волунтари на Виктор Ангелов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни