Светски првенства
Спектаклот се претвори во фијаско: „Чаир“ остана без струја, Белгија најави бојкот на дуелот со Србија

Србија и Белгија вчера требаше да одиграат интересен натпревар од првата квалификациска фаза за кошаркарското Светско првенство, но организацијата потфрли и навивачите останаа разочарани бидејќи видоа само девет поени на теренот.
Средбата е прекината при резултат 3:6 откако во салата „Чаир“ во Ниш се изгасиле рефлекторите, а домаќините не успеале да го вратат напојувањето со електрична енергија и наредните неколку часа.
ФИБА го презакажа натпреварот за денес од 19 часот, но според српските медиуми, Белгијците не сакаат да излезат на терен и барале победа со службен резултат.
Ваквото сценарио би бил дополнителен удар за европската кошарка, а се чини дека Белгија ризикува да не добие прифаќање на аргументите и без борба да ги загуби бодовите.
Новиот термин е 19 часот вечерва, a евентуалниот бојкот на гостите ќе биде големо разочарување за навивачите во Ниш кои со нетрпение чекаа да следат натпревар на својата репрезентација.
Србија и Белгија имаат по 8 бода и се борат за второто место во групата, во која на врвот е Летонија.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Светпред 17 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците