Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Спектакл во Лос Анџелес: Ремс преку драма до втора титула во НФЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Ремс е освојувач на пехарот во НФЛ лигата и тоа откако во завршниот меч во сезоната беше подобар од Синсинати Бенгалс со 23-20.

Ова беше средба која донесе многу борба, неизвеснот, повреди за да на крајот Ремс по вторпат во својата историја дојде до трофејот „Ломбарди“. Новиот шампион играше одлично во првиот дел и имаше водство од 13-3 по што дојде повредата на Одел Бекам и тоа се почувствува во играта, односно Синсинати ова го искористи и до паузата намали ан 13-10.

Бенгалс потоа беа далеку подобри во првиот дел од второто полувреме во кое го свртија резултатот и поведоа со 20-13. Меѓутоа гостите тука застанаа, поточно составот од Лос Анџелес го имаше последниот збор и предводена од Кап и Доналд дојде до триумф во еден од најголемите спортски настани на светот.

Купер Кап беше прогласен за МВП на 56. издание на Супербоул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни