Поврзете се со нас

Боречки спортови

Спектакл во Лас Вегас: Дијаз со гилотина-зафат стави крај на УФЦ кариерата со победа (Видео)

Објавено

на

Нејт Диајаз и Хамзат Чимаев пристигнаа во Лас Вегас за да се борат еден против друг во УФЦ 279 спектаклот, но намсето тоа, на крајот двајцата славеа во две други борби кои ги имаа со различни противници.

Чимаев не успеа да пројде на мерењето и поради тоа беше откажана најавената борба против Дијаз, поради што Дана Вајт брзо направи рокади и повика два борци за да се гледаат две борби.

Чимаев кој важи за нова голема ѕвезда во УФЦ не му даде никаква шанса на Кевин Холанд и борбата ја заврши за само две минути, додека дефинитивно далеку највозбудливо беше во октагонот кога настапуваше Дијаз.

Нејт ја одработи својата последна борба во УФЦ бидејќи му истекува договорот со оваа организација, па во завршниот чин беше поуспешен од Тони Фергусон.

По бруталните три рунди кои ги гледавме, одлучувачка беше четвртата во која Дијаз со гилотина зафат го загуши противникот и судијата ја прекина борбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни