Лига на шампиони
Спектакл во Истанбул: Турчинот Кавечи правеше чуда на теренот, Лајпциг победи во неверојатната драма (Видео)

Фудбалските фанови кои го гледаа навидум неатрактивниот дуел меѓу Истанбул Башакшехир и Ред Бул Лајпциг во раниот термин од Лигата на шампионите дефинитивно нема да зажалат за одвоеното време, бидејќи двата тима приредија вистински фудблски спектакл кој содржеше луд расплет и понуди фантастични седум гола.
На крајот, германскиот состав на крајно драматичен начин успеа да ја врати победата која се чинеше дека им побегна, откако во второто полувреме испуштија позитива од 1:3, пред да постигна гол за конечни 3:4 во судиското надополнување.
Ред Бул Лајпциг беше подобар тим и Поулсен, Мукиеле и Олмо беа стрелци на головите со кои се чинеше дека е обезбедена победата, но така не мислеше и Ирфан Кавечи кој правеше чуда на „Фатих Терим“ стадионот во Истанбул.
Кавечи постигна три гола од дистанца и покажа завидна техника за шут со својата лева нога, со тоа што убедливо најатрактивен беше оној за 3:3 во 85-та минута од слободен удар. Овој погодок се чинеше дека комплетно ги разниша Германците, но сепак последниот збор го имаше резервистот Сорлот кој во 92-та минута ги постави конечните 3:4.
Турчинот Кавечи на овој натпревар одигра многу за Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но на крајот Лајпциг ги освои трите бода и сега изврши притисок врз фаворитите пред нивната меѓусебна пресметка на „Олд Трафорд“.

- Италијапред 22 часа
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 23 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- Светски првенствапред 17 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- Светпред 19 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!
- Светски првенствапред 17 часа
Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат
- Одбојкапред 18 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- НБАпред 23 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Светски првенствапред 24 часа
Сестрите Бонавентура ќе ја делат правдата на пресметката меѓу Македонија и Египет