Спектакл во Буенос Аирес: Марадона му посвети специјална порака на Федерер и го трогна Швајцарецот (Видео)

federer-buenos

Петнаесет илјади Аргентинци уживаа во Буенос Аирес на тенискиот спектакл кој го организираше фондацијата на Рожер Федерер, а во егзибицискиот меч друштво му правеше младиот Александер Зверев кој полека, но сигурно, има се поспецијална врска со тенискиот великан.

Популарниот Саша го доби мечот во два тајбрејка, но секако, резултатот беше во втор план, бидејќи двјацата тенисери на публиката и понудија вистинско шоу и атрактивни поени. Аргентинските фанови му искажаа огромна љубов на швајцарскиот великан кој според многумина е најдобар играч на сите времиња, а ако го прашувате Марадона, ова прашање воопшто не треба да биде поставувано.

По крајот на мечот во Буенос Аирес, Рожер доби специјална порака од Марадона кој преку видео обраќање му нагласи на Федерер дека секогаш ќе остане најдобар на сите времиња.

– Здраво маестро, мастеру, машино, како што јас сакам да те нарекувам. Ти беше, си и ќе останеш најголем на сите времиња. Нема никој како тебе. Ако имаш било каков проблем во Аргентина, сакам да ми се јавиш и да ми кажеш што ти треба. Голем бакнеж до твојата сопруга и твоите деца, – порача Марадона.

Facebook Коментари