Поврзете се со нас

Франција

Спектакл на кој може да подзавиди и Ибра: Кунг-фу магијата на Кардона ја фрли во транс фудбалска Франција (Видео)

Објавено

на

Третата рунда во француската Лига 1 ќе биде заокружена со големото дерби меѓу ПСЖ и Марсеј, но без оглед на тоа што ќе се случи во Париз, јавноста во оваа земја веќе доби кандидат за гол на сезоната.

Сите фудбалски фанови од Франција зборуваат за ремек-делото што беше видено на мечот меѓу Дижон и Брест, а при кое во главна улога беше Ирвин Кардона.

Напаѓачот на Брест влезе во игра во 73-та минута, а во 95-та минута се погрижи за неверојатна кунг-фу магија на која може да подзавиди и Златан Ибрахимовиќ.

Кардона на спектакуларен начин зафати еден волеј, а карате потегот кој беше увертира за ремек-делото дополнително ги фрли во транс фудбалските фанови.

Со погодокот на Французинот, Брест ја потврди победата и славеше со 0:2 на гостувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни