АБА лига
Спектакл на дербито Звезда – Партизан: Џонс со монструозно забивање го режираше потегот на сезоната во АБА лигата (Видео)
Дерби пресметките меѓу Црвена Звезда и Партизан секогаш привлекуваат големо внимание, без разлика дали станува збор за натпревар во Евролигата, или пак АБА лигата.
Регионалното натпреварување стандардно носи финални натпревари меѓу најдобрите два српски тима во последните години, а првата пресметка која ја одиграа во регуларниот дел експресно ни го донесе и потегот на сезоната.
Партизан подобро ја отвори првата четвртина од денешниот натпревар во Арена, со тоа што шоуто го украде Тајрик Џонс.
Кошаркарот на Партизан веќе се истакна со своите атлетски способности откако го засили тимот на Обрадовиќ, но се чини дека денеска се надмина себеси против лутиот ривал.
Гиедраитис не можеше да направи ништо и само гледаше како Американецот режира „постер“ преку него, потег кој самата АБА лига веќе го прогласи за забивање на годината.
🚨 MUST-WATCH 🚨
Tyrique Jones with probably the BEST POSTER DUNK OF THE SEASON, so far. 😱😱#ABALiga | #NLBSlamDunk@PartizanBC pic.twitter.com/PxftbHxzaU
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) December 23, 2024
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)