Поврзете се со нас

Европски првенства

Специјално видео од теренот: Кварацхелија тргна да ја слави историската победа на Грузија, а потоа го здогледа Роналдо

Објавено

на

Квича Кварацхелија си го исполни сонот да игра против својот идол Кристијано Роналдо, но за да биде уште поспецијално за него, Грузиецот беше најдобар играч на теренот и победи во пресметката со Португалија.

Грузијците направија сензација и со победа од 2:0 се пласираа во осминафиналето на Европското првенство, па во моментов играчите од оваа селекција воопшто не мислат на следниот ривал кој ќе биде и тоа како тежок.

Грузиските фудбалери во моментов се уште се под импресии од историската ноќ во Гелзенкирхен, a видеото кое го сподели официјалниот профил на Европското првенство, само покажува каква неизмерна почит чувствува Квича кон португалскиот капите.

Кварацхелија тргна еуфорично да ја слави победата по последниот судиски свиреж, но набрзина го прекина тоа за да се ракува со Роналдо.

Оваа реакција уште еднаш покажува дека Кварадона вчера имаше ноќ за паметење, која беше дополнително разубавена од Роналдо кој му го подари својот дрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни