Поврзете се со нас

Италија

„Специјалниот“ се враќа на познато место: Мурињо викендов ќе ја брка првата победа против Интер

Објавено

на

Жозе Мурињо е човекот кој му ја има донесено најуспешната сезона на Интер во неговата историја, поточно тројната круна во 2009/2010, успех кој и до ден денеска е неповторлив за ниту еден италијаски клуб.

Меѓутоа Мурињо и Интер веќе некое време се на две различни страни, па викендов Португалецот со Рома ќе се врати на познато место на „Џузепе Меаца“ во Милано. Голема почит има меѓу Жозе, клубот и навивачите, ама секако во моментов секој си ги гледа своите интереси, па така „специјалниот“ ќе се обиде да дојде до првото славје во кариерата против италијанскиот вицешампион.

Имено искусниот стратег досега трипати се има соочено со Интер во кариерата, битки кои интересно се случија минатата сезона. Тој остана со празни раце на сите од нив, поточно како предводник на „волчицата“ ги загуби лигашките мечеви со 3-0 и 3-1, додека во Купот беше поразен со 2-0.

Средбата се игра утре од 18 часот, па останува да видиме дали Жозе конечно ќе дојде до позитивен резултат против Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни