Поврзете се со нас

АТП

Специјална средба: Ѓоковиќ ќе одработи тренинг со омилениот Аргентинец за старт на Ју-Ес Опен (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ во текот на вчерашниот ден им прикажа на фановите како се пакува за долгиот пат кон Америка, но Србинот веќе го има испланирано и првиот работен ден кој ќе го има на Флешинг Медоус.

По освоеното злато на Олимписките игри во Париз, јасно е дека Ноле ќе биде гладен за нова грем слем титула во кариерата, уште повеќе ако се знае дека го брани трофејот освоен минатата година.

Ѓоковиќ 24-та титула на грен слем турнирите ја освои во Њујорк, а сега во истиот град ќе ја брка 25-та и јасно е дека негови најголеми ривали ќе бидат Карлос Алкарас и Јаник Синер.

Србинот пристигнува во САД со големи амбиции, но за да има најдобра можна подготовка за турнирот, во воведната тренинг сесија ќе се погрижи за спектакл.

Ѓоковиќ ќе има спаринг со својот омилен Аргентинец, Хуан Мартин Дел Потро, поранешниот тенисер со кој Ноле изгради и извонреден однос надвор од теренот.

Честа секако ќе биде уште поголема за Делпо, кој со својата објава се заблагодари на организаторите кои им го отстапиле централниот терен.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни