Англија
Специјализиран фудбалски портал го избра фантастичниот Србин за засилување на сезоната во Премиер лигата
Никола Миленковиќ речиси цело свое искуство во Европа го стекна во Фиорентина каде мина импресивни седум години, но српскиот репрезентативец изминатово лето реши да направи трансфер и да се пресели во Премиер лигата.
Трансферот во Нотингем Форест многумина го гледаа со скептицизам со оглед на тоа што овој тим се бореше за опстанок минатата сезона, но откако Србинот игра во срцето на одбраната, „шумарите“ се претворија во неверојатно цврст и стабилен тим кој на Божиќ замина како петтопласиран на табелата.
Овој празничен период му послужи на специјализираниот фудбалски портал „Гол“ да ги избере најдобрите засилувања во Премиер лигата во годината која полека изминува, а на нивната листа Миленковиќ се најде на првото место.
– Не само што е најдобро засилување во сезоната во Премиер лигата, Миленковиќ е едно од најдобрите засилувања во историјата на натпреварувањето ако се земе во предвид сумата за која беше доведен. Откако премина на „Сити Граунд“, Миленковиќ воспостави цврсто партнерство со Мурилјо во срцето на одбраната на Нотингем која „изгаси“ голем број од најсмртоносните напаѓачи во лигата.
– Нотингем ја имаше петтата најлоша одбрана минатата сезона, но со Миленковиќ ги реши тие проблеми. Тимот прими само 19 голови на 17 натпревари, а подобри бројки имаат само Ливерпул и Арсенал. Миленковиќ претставува опасност во секоја смисла, како на земја, така и во воздух. Тој беше означен како „човек-планина“ од легендарниот Џејми Карагер, а причина за тоа се неговата брзина, прибраноста и одличното читање на играта.
– Миленковиќ е колосален како играч на Нотингем, а неговиот успех не тера да се запрашаме зошто Манчестер Јунајтед и Тотенхем не се одлучија да го доведат кога го сакаа пред неколку години, – прашуваат од „Гол“.
Миленковиќ премина на „Сити Граунд“ за сума од само 14 милиони евра, па досега ова излегува како една од најдобрите премиерлигашки зделки во последните неколку години.
-
Светски првенства15 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП13 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Светски првенства24 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија12 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна