Поврзете се со нас

Балкан

Специјалист за одбрана: Звезда се засили со крилен центар од САД

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkcrvenazvezda/

Црвена Звезда повлече потег и се засили со едно добро познато име, ас кој ќе треба да помогне во борбата под кошевите-тоа е искусниот Џон Браун.

Браун долго време настапува во Европа, играше во Италија, Русија, Франција, играч кој важи за специјалист за одбрана, игра во дефанзива, па дефинитивно со него „црвено-белите“ ќе добијат борбен кошаркар кој ќе знае да одговори на предизвиците, да донесе енергија, но и лидерство на паркетот со оглед на тоа што веќе во јануари ќе го прослави 33 роденден.

Американскиот крилен центар потпиша договор на една плус една сезона.

Ако се е како што треба тој може да дебитира против Олимпијакос во Евролигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни