Поврзете се со нас

Свет

Специјален религиозен чин во Бразил: Фирмино стана свештеник (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Покрај фудбалската магија, вербата во Бог е втората работа по која се препознаваат познатите бразилски спортисти, но вербата го однесе Роберто Фирмино чекор подалеку од многу други познати имиња.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул изминатава сабота бил дел од свечена церермонија во родниот град Масејо, каде всушност бил инагуриран во нов евангелистички свештеник.

На специјалниот чин, Фирмино положил заклетва пред Бога и ветил дека ќе ги следи неговите патишта, а истото го направила и неговата сопруга која исто така има голема верба во Севишниот.

Незаборавното случување за семејството Фирмино се случило во црквата Манах во Масејо, храм кој токму Роберто го изградил пред точно три години.

Свеченоста донела многу емоции и солзи кај познатата фудбалска ѕвезда, а титулата евангелистички свештеник му ја доделиле религиозните познаници Хаир Фернандез и Кеил Медеирос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни