Поврзете се со нас

Англија

Спасителот на Сити распали по играта на Арсенал: Веќе некое време користат валкани тактики

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити цело второ полувреме играше со човек повеќе на теренот, но момците на Пеп Гвардиола едвај успеаја да го скршат бедемот пред голот на Давид Раја, и тоа со гол во 98-та минута.

Актуелниот шампион избегна пораз и се избори за реми со голот на Џон Стоунс во самата завршница од судиското продолжение, а токму јунакот на Сити беше еден од играчите кои испорачаа „отровни стрели“ за играта и пристапот на директниот ривал за титулата.

– Не знам дали станале мајстори за темни фудбалски уметности, но тие го прават тоа веќе со години. Знаеме дека можеме да го очекуваме ова од нив. Може да го наречете и валкан фудбал, може да го употребите кој било термин. Тие цело време ја прекинуваат играта и се обидуваат да го нарушат ритамот. Тоа го користат како своја предност и моравме да се справиме со тоа.

– Кога бркаат одредена цел и некој резултат, тие користат фудбал за кој не се одлучуваат многу други тимови. Тие целосно го забавуваат темпото и играта станува многу потешка. Моравме да имаме трпение и да ги контролираме емоциите додека го правеа тоа, – изјави Стоунс.

Дефанзивецот беше „џокер“ на Гвардиола и влезе во игра заменувајќи го далеку поофанзивниот Кајл Вокер, но тоа се покажа како добитна комбинација за да се избегне незгоден пораз во раната фаза на Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни