Поврзете се со нас

Шпанија

Спас во последен момент: Љоренте го шокираше Реал во судиското продолжение (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите во дерби пресметката која оваа вечер се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Домашниот тим беше на добар пат да забележи супер значајна победа, меѓутоа во судиското продолжение ги шокираше некогашниот нивен играч Маркос Љоренте кој погоди со глава за конечни 1-1.

Инаку Реал го отвори резултатот во 20 минута преку Брахим Дијаз кој неочекувана доби шанса по повредата која пред самиот старт на дуелот ја забележа Винисиус Жуниор. По овој погодок имаше возбудувања на двете страни, ама немаше промена на резултатот.

Веднаш на стартот на вториот дел Атлетико израмни преку Савиќ, ама ВАР се огласи и поради офсајд истиот беше поништен. „Кралевите“ потоа најсерозната шанса за 2-0 ја имаа преку Дијаз во 70 минута, потоа „душекџиите“ се заканија преку Гризман за да во 93 минута Љоренте со убав удар со глава се избори за бод за тимот предводен од Чоло Симеоне.

Реал со 58 бода е прв, Џирона е втора со 56 по што следи Барса со 50, па Атлетико со 48 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни