Поврзете се со нас

Одбојка

„Спартанците“ загубија сет, па се разбудија и го неутрализираа незгодниот Израел

Објавено

на

Македонската одбојкарска селекција ја оствари и втората победа во Европската Сребрена лига, со тоа што оваа денеска беше далеку потешко освтварена од онаа вчера над Кипар кој немаше што да бара во дуелот со домаќинот.

„Спартанците“ беа свесни дека мора да се прикажат во далеку подобро издание против Израел, а имаа дополнителна причина за такво нешто откако натпреварот во Струмица беше отворен со водство на гостите.

Изреалците поведоа со 1:0 откако го добија првиот сет со 25:21, што беше навистина добра препорака за далеку поквалитетна и покоцентрирана игра од страна на македонските одбојкари кои во продолжение брзо го возвратија ударот. Избраниците на Матијашевиќ возвратија со 25:22 за 1:1, во третиот поведоа со 2:1 (25:23), додека голема драма следеше во четвртиот сет.

Македонските „спартанци“ не дозволија натпреварот да отиде во одлучувачки петти сет, бидејќи во сетот во кој се играше на разлика, на крајот нашите одбојкари славеа со 31:29.

Никола Ѓоргиев со 23 реализирани поени беше најдобар на теренот, но одличен беше и Ристо Николов кој натпреварот го заврши со 16 поени. Македонија утре го игра последниот натпревар од турнирот во Струмица, а противник ќе ни биде селекцијата на Данска која исто така оствари две победи на првите два меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни