Поврзете се со нас

Одбојка

„Спартанците“ го потврдија првото место во Шлагелсе и со пет победи ќе го пречекаат Ф4 турнирот во Струмица

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација доста рутински си ја доработи својата задача во Шлагелсе, па од Данска се враќа со максимални три победи во трите натпреварувачки дена, што дефинитивно е добра увертира за Ф4 турнирот кој следи.

Македонските „спартанци“ загубија од Данска на воведниот турнир минатата седмица, но откако му се реваншираа на домаќинот на негов терен, следеа победи против Израел и денеска над Кипар.

Избраниците на Матијашевиќ поведоа очекувано со 2:0 добивајќи ги сетовите со 25:22 и 25:18, додека по малото опуштање, следеше намалување од страна на Кипар на 2:1 (18:25).

Во четвртиот сет, нашите одбојкари не дозволија непотребно изненадување и ставија точка на мечот со 25:22, па со потврда на првото место во групата и со пет победи на двата турнири си обезбедија учество на завршниот турнир.

Ф4 завршницата ќе се игра во Струмица, а покрај Македонија и Данска, дел од овој турнир во Европската Сребрена лига ќе бидат и Хрватска и Унгарија кои се првопласирани во втората група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни