Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети за хрватските ѕвезди со кои е во редовна комуникација: Ќе ни направат проблеми, но тоа е фудбалот

Објавено

на

Италија и Хрватска ќе ги одмерат силите во дерби средбата во Лајпциг, средба која е да се биде или не за „коцкестите“, додека пак на „аѕурите“ доволно им е и реми за пласман во следната фаза.

Се очекува многу борба, неизвесност, драма до самиот крај со оглед на тоа што на теренот ќе истрчаа играчи кои се квалитетни, а и воедно добро се познаваат.

Италијанскиот селектор, Лучијано Спалети во спротивниот табор има играчи со кои има соработувано во минатото, плус воедно и до ден денеска е во комуникација.

-Брозовиќ и Перишиќ се силни фудбалери и добро ги паметам. Јас сум во добар однос со нив. Сè уште си праќаме пораки одвреме-навреме и ги сакам исто како и кога бев нивни тренер, па сум среќен што ќе ги видам повторно.

-Убеден сум дека ќе ни направат проблеми, но тоа е фудбалот. Ќе видиме дали ќе успееме да ја земеме предвид нашата свежина. Мораме да ги предизвикуваме со интензитет бидејќи понекогаш ќе треба да се опорават. Тие се двајца одлични луѓе и одлични фудбалери, -порача Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни