Поврзете се со нас

Италија

Спалети за бизарниот гол кој го прими Италија: Добра лекција која долго ќе ни биде во главите

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучијано Спалети може да биде горд на реакцијата која ја имаше Италија во второто полувреме во Дортмнд, но истовремено огорчен и бесен од изданието кое го презентираа неговите фудбалери во првиот дел.

„Аѕурите“ беа целосно надиграни и непрепознатливи во првите 45 минути на „Сигнал Идуна парк“, период во кој примија три голови, а лесно можеше да бидат и повеќе.

Од сите лоши ситуации, убедливо најневеројатна беше онаа при вториот гол на домаќините, кога Јозуа Кимих и Џамал Мусиала ја изиграа италијанската одбрана на несекојдневен начин.

Кимих и Мусиала постигнаа гол како оној на Арнолд и Ориги од пред шест години, па фудаблската реприза на „корнерот од Енфилд“ сега ќе ги прогонува Италијанците во догледно време.

– Секој натпревар носи посебна лекција, а оваа ќе трае подолго во нашите мисли. Играчите сами се свесни што пропуштија на двата натпревари со Германија, двата натпревари можеа да имаат сосема друг епилог.

– Зборовите можат да објаснат многу нешта, но кога ќе примите таков гол како оној вториот, јасно е дека тоа ќе остане долго во главите на фудбалерите. Тоа е добар лекција за сите нас, прилично сум убеден дека нема да повторат таква грешка во иднина, – изјави Спалети.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни