Поврзете се со нас

Италија

Спалети вовел модерна апликација во репрезентацијата за да им ја олесни работата на фудбалерите

Објавено

на

Италија се подготвува за двата клучни натпревари од квалификациите за Европското првенство, дуелите против Македонија и Украина кои ќе одлучат дали „аѕурите“ ќе изборат место за турнирот во Германија.

По двете пропуштени Светски првенства, би било огромен неуспех и разочарување Италија да остане и без Европско првенство, но во овој момент никој на чизмата не размислува на такво сценарио.

Лучијано Спалети ги подготвува своите фудбалери за мечот со Македонија кој се игра во Рим, а потоа следи дуелот со Украинците во директна битка за второто место во групата. Селекторот воведе неколку новитети откако го замени Роберто Манчини и фудбалерите брзо се адаптираа на неговите услови, но „Кориере дело Спорт“ открива дека Спалети смислил план и за долгата репрезентативна пауза која следи.

После овој завршен квалификациски прозорец, селекторите ќе имаат само уште една подготовка за Европското првенство, па поради тоа, Спалети пронашол начин како да ја обедини групата преку интернет апликација и да споделува видео материјали и свои анализи на истата.

Лучијано побарал од секој репрезентативец да ја инсталира апликацијата „Hudl“ преку која најдобро се споделуваат видео анализи и тактички предавања, а целта е со тоа да им помогне на фудбалерите да останат во тек со сите случувања за време на неколкумесечната пауза. „Кориере“ открива дека оваа апликација посебно се користела во американскиот фудбал, но полека почнува да се пренесува и во европскиот фудбал и во кошарката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни