Поврзете се со нас

Италија

Спалети воодушевен од Македонецот: Елмас е фудбалски феномен

Објавено

на

Лучијано Спалети започна да го подготвува Наполи за новите предизвици, а очекува сериозна помош и од нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Вчера, новиот тренер на Наполи учествувал на настан заедно со Зјелински и Политано и на истиот одговарал на прашања поврзани со екипата, а едно од нив било поврзано со неговата визија за улогата на Елмас, кој немаше голема минутажа кај Џенаро Гатузо.

– Елмас е динамичен фудбалер кој може да игра на секоја позиција.

– Понекогаш во животот не е позитивно ако знаете повеќе работи, но во случајов се соочуваме со нешто специјално, тој е феномен.

– Тој е многу важен фудбалер нас и сигурен сум дека ќе ни помогне. Спред мене треба да игра во средниот ред и постојано да има контакт со топката, – изјавил Спалети.

Елмас беше стартер на првиот пријателски натпревар на Наполи, па го постигна и првиот гол во победата 12:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни