Италија
Спалети со совет до Рома за иднината на Дибала: За тим кој сака да изгради победнички менталитет…
Пауло Дибала влезе во последните месеци од договорот со Рома и веќе со почетокот на 2025 година може без проблеми да преговара со останатите клубови, поточно да потпише преддоговор и од наредното лето да се пресели кај нив без обештетување.
Секако активна е и опцијата калчолигашот да го продаде Аргентинецот во зимскиот преоден рок со тоа што низ јавноста се споменува опцијата Галатасарај. Во меѓувреме пак Дибала вчера даде два гола и запиша асистенција во убедливиот настап на „волчицата“ против Парма и со тоа дефинитивно испрати јасна порака до управата на клубот во однос на тоа дали заслужува да добие продолжување на соработката.
Лучано Спалети во минатото ја водеше Рома, па од аспект на тоа што Пауло може да донесе тој испрати директен совет до поранешниот клуб.
-Сите знаат дека Дибала е играч кој може да натера цел тим да работи, бидејќи има техника, се комбинира со сите и има квалитет секогаш кога топката ќе му биде во нозе. Има око за гол. Можеби единственото нешто што му недостасува е малку физичка сила, но сепак тој е врвен играч.
-Тешко ми е да кажам. Знам дека Дибала е одличен играч и за тим кој сака да изгради победнички менталитет, најдобро е да задржи играчи како него, -порача актуелниот италијански селектор.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Репрезентација23 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!