Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети со порака за Шпанците: Не се преценувајте!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Италија и Шпанија утре ќе одиграат големо дерби на Европското првенство, а „фуријата“ важи за фаворит со оглед на формата која ја прикажуваат овие селекции изминатиот период.

Селекторот на актуелниот шампион, Лучијано Спалети, смета дека неговата репрезентација ќе се соочи со силен противник, но на шпанските новинари им порачал да не се преценуваат бидејќи и другите селекции играат убав фудбал.

– Има многу репрезентации кои играат атрактивен и офанзивен фудбал. Шпанија е една од нив, но не е единствена.

– Затоа не треба да се преценувате!

– Имаме голем респект кон историјата на шпанската репрезентација и кон актуелната генерација, но не треба да мислите дека имате многу посилна екипа. Јас лично го сакам шпанскиот стил на игра, посебно пресингот, додека ние треба уште многу да работиме да дојдеме на тоа ниво, – рекол Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни