Поврзете се со нас

Лига Европа

Спалети со порака до играчите кои ја направија разликата, а меѓу кои беше и Елмас: Комплименти за нив…

Објавено

на

Стратегот на Наполи, Лучијнао Спалети по натпреварот со Лестер истакна дека е задоволен од прикажаното на „Кинг Пауер“ стадионот притоа упатувајќи пофални зборови до фудбалерите кои влегоа на теренот од клупата за резервни фудбаелри.

Наполи имаше негатива од 2:0, а Спалети ги погоди сите замени, меѓу кои беше и нашиот Елмас, кои го подигнаа нивото на игра на гостинскиот тим.

Елмас кој имаше и една добра прилика беше сосема солиден на теренот, а одличен впечаток оставија и Политано и Оунас.

– Видовме дека овој тим има силен карактер што не беше случај минатите години. Тимот реагираше многу добро.

– Сакам да упатам комплименти до играчите кои влегоа од клупата затоа што тие донесоа квалитет и им олеснија на фудбалерите кои веќе беа на теренот. Тие не се борат да го заземат местото на друг соиграч, туку да играат со нив и да им помогнат, -посочи Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни