Поврзете се со нас

Италија

Спалети со „отровна стрела“ за ѕвездата на Наполи: Тимот ќе опстои и без тие што не сакаат да бидат со нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Лучијано Спалети бил доста расположен на прес-конференција по победата на неговиот Наполи од 2:5 над Верона, па покрај тоа што го спореди Лоботка со Андрес Иниеста по извонредното издание на средината на теренот, говореше и за ѕвездата која ја исфрли од тимот.

Наполи „испука петарда“, Спалети испорача големи комплименти: Тој играше како Иниеста

Фабијан Руиз не беше дел од тимот на Наполи за првото коло во Серија А и повеќе од јасно е дека ќе направи трансфер, кој само прашање на време е кога ќе се реализира.

Шпанскиот играч за врска го принуди клубот да му дозволи трансфер во редовите на ПСЖ, а ако се суди според зборовите на Спалети, тој воопшто не е задоволен од односот и пристапот на фудбалерот кој лани беше клучен во неговиот систем.

– Тимот покажа дека знае како да игра на средината на теренот и дека знае да опстои дури и без оние кои не сакаат да дојдат да играат за нас, – гласел краткиот одговор на Спалети кога му било поставено прашање за изоставувањето на Фабијан Руиз.

Креативниот играч за врска пристигна во Наполи од редовите на Бетис, а бидејќи неговиот договор истекува наредната година, клубот од Неапол ќе инкасира околу 20 милиони евра за неговото заминување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни