Лига на шампиони
Спалети со комплименти за Елмас: Од него добивме константен и избалансиран притисок, тој ги тераше противниците…

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас доби нова задача на вчерашниот меч против Милан во Лигата на шампионите, средба на која играше како лажна деветка.
Во отсуство на класичните напаѓачи Виктор Осимен и Џовани Симеоне, нашиот репрезентативец ја доби довербата од тренерот Лучијано Спалети, па максимално се бореше низ сите 90 минути, го притискаше противникот, а имаше и една убава шанси при која Мењон со помош на гредата спречи радост на наполитанците.
-Со вистински напаѓач можеби ќе имавме и повеќе шанси, ама Елмас беше тој што ги тераше да грешат во зачетокот на акциите. Поради него прелесно ја добивавме топката при градењто на акциите. Би рекол дека со Елиф може имавме и помалку шанси отколку со напаѓач, ама затоа тој ги притисна и ги форсираше да немаат чиста игра, потоа ние ја градевме нашата игра кон противничкиот гол. Од Елиф добивме константен и балансиран притисок. Сега шансите Осимен да го имаме за реваншот се веќе сто отсто, а фактот дека го сочувавме ни овозможува дополнителна работа со лекарите за да биде максимално фит за пет дена, -порача тренерот Спалети.
Наполи сега има лигашки предизвик со Верона, па следи реваншот со „црвено-црните“ на „Диего Армандо Марадона“.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 4 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки