Италија
Спалети со искрен став за најавениот отказ на Руди Гарсија во Наполи: Луѓето не беа фер кон него

Лучијано Спалети се соочува со доста откажувања на фудбалери за двете пресметки со Македонија и Украина, но на денешниот прес мораше да се занимава и со едно прашање кое нема никаква врска со репрезентацијата.
Италијанскиот селектор им откри на новинарите дека го очекувал тоа прашање од нив, бидејќи изминативе два дена се крена голема прашина за најавениот отказ на Руди Гарсија.
Французинот е веќе минато во Неапол и покрај тоа што од клубот не излегоа со официјално соопштение, а тоа може да се заклучи и од изјавата која ја даде неговиот претходник.
– Немам што да зборувам за Наполи од ова место. Очекував да ми го поставите ова прашање, но јас сум национален селектор во овој момент.
– Не беше фер кон Руди Гарсија бидејќи од самиот старт се правеа споредби меѓу мојот тим и овој неговиот. Го почитувам Гарсија бидејќи покажа дека е добра и искрена личност. Од првиот момент луѓето не беа фер кон него, се правеа споредби со неодамнешното минато а такви работи никогаш не ви помагаат, – изјави Спалети.
-
Македонијапред 24 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 15 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Шпанијапред 17 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)