Поврзете се со нас

Италија

Спалети со анализа: Италија веќе нема играчи како Дел Пјеро и Баџо, но…

Објавено

на

Италија изненади многумина со настапот против Франција во Лигата на нации, а и со победата од 3-1 на „Паркот на принцовите“.

„Аѕурите“ не се прославија на Европското првенство, селекторот Лучијано Спалети некако и ги „измеша картите“ ако се погледне списокот за овој „прозорец“, плус тимот прими гол по само 13 секунди, ама без разлика на се екипата покажа карактер, знаење, се крена и оствари голем триумф против една од најсилните, најдобрите селекции во Европа и светот.

Сега Италијанците ќе се соочат со Израел на меч на кој се очекува потврда на квалитетната игра од Париз, а во пресрет на овој натпревар селекторот Спалети направи анализа на тимот, односно на Италија со тоа што располага на фудбалски план и кои се сега нејзините сили, добри страни.

-Слушам конфликтни разговори за нас како репрезентација. Секогаш почнувам со моите мисли. Нација како Италија секогаш ќе има 20 играчи за да сочинуваат силен тим. Тоа е претпоставка која секогаш ќе постои, без разлика на ерата.

-Мора да бидете добри во разбирањето на моментите, на пример, во моментов немаме технички надарени чистокрвни луѓе, немаме Баџо, Дел Пјеро или Тоти. Но, имаме многу момци кои знаат да прават многу различни работи, кои знаат како да се прилагодат. Тоа е фудбал на чувства и жртви.

-Овие работи прават разлика, стануваме подобри во знаењето како да ги правиме работите колективно, преземајќи ги тимските одговорности. Во петокот бевме повеќе од тим, бевме браќа кои се собраа како тим и тоа е клучот за решавање на многу тешкотии, -порача искусниот стратег.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни